За Нас


Ново отворено студио за дизајн и мебел во Скопје.

Искусни дизајнери и претприемачи со повеќе од 13 години искуство и квалитет зад себе.

Задоволни клиенти во и надвор од границите на државата.

Наша цел е најбрзо изнаоѓање на краен резултат кој е практичен и одржлив, односно нуди целосна употреба на расположливиот простор.

 

Нудиме:

Проектирање и изведба на станбени, угостителски и комерцијални објекти

3Д Архитектонска Визуелизација Ентериери/Екстериери

Проектирање и изработка на кујни

Спецификација на материјали според проект

Дизајн на специфични парчиња мебел

Проектирање и изведба на санитарни простории

Реконструкција на секаков тип на ентериери

 

Дизајнирањето на ентериер е интересен процес на меѓусебна соработка што го започнуваме со нашите клиенти. Крајната цел на истиот е создавање автентичен ентериер кој има посебна врска со нашите клиенти; својствена за нивното наследство, природа и историја.

Личен предизвик ни претставуваат Вашите оригинални и интересни идејни решенија кои ја отсликуваат личноста на нашите клиенти, проследено со меѓусебен баланс помеѓу различните стилови, мешање на модерното, естетското, источното и западното работење, возбудливо работење со текстури и бои.

Најважно е овој процес да се одвива во вид на отворен и удобен разговор што ни овозможува да ги разбереме вашите потреби и можност да споделиме различни совети и искуства.